Манчестер јунајтед за Осимен го нуди напаѓачот кој разочара и плус пари

Нигериецот Виктор Осимен оваа сезона ја помина на позајмица во Галатасарај како позајмен фудбалер од Наполи и игра одлично, па така го привлече интересот на повеќе европск клубови.

Во актуелната сезона Осимен постигна 20 голови, па јасно е зошто постои интерес. По завршувањето ќе се врати во Наполи, но не се очекува да настапува за овој клуб тука да биде продаден.

Голем интерес за него покажува Манчестер јунајтед кој има и стратегија како да го доведе.

Наводно, предлогот на Манчестер јунајтед покрај сумата од 40 милиони евра во Неапол да го испрати и Расмус Хојлунд кој пристигна од Аталанта и не ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“.

Таквата опција изгледа како одлична за Хојлунд кој би добил прилика да се врати во Серија А каде што го играше најдобриот фудбал во кариерата. Сепак, последниот збор за оваа ситуација веројатно ќе го има Антонио Конте кој се прашува за сите трансфери во Наполи.