
Манчестер Јунајтед има нов спортски директор
Гигантот преку своите официјални канали го објави доаѓањето на Ешворд кој досега работеше во Њукасл на кого Јунајтед му исплатил оштета.
53-годишниот Ешворд во минатото немаше некоја завидна играчка кариера и настапуваше за неколку англиски нисколигаши. Првата работа во улога надвор од теренот ја имал на 29 години кога станал шеф на академијата на Падерборн.
Во 2019 година работеше во Братјон каде што му одеше навистина одлично за Њукасл да го доведе во 2022 година. Во редовите на Њукасл направи тим кој играше во Лигата на шампионите, а токму враќање во европската елита ќе биде главната цел на која ќе работи на почетокот во Јунајтед.