Македонски голман ќе брани кај Дедо Мраз!
Шишковски ќе биде вториот фудбалер што игра за овој фински клуб, зашто лани член беше и бившиот репрезентативен напаѓач Филип Ивановски, кој нецели четири месеци го носеше дресот нa Ропс и даде шест гола на 16 меча за овој клуб. Сега Шишковски доаѓа кај Дедо Мраз откако потпишал една година, со опција за продолжување на соработката. Во минатата 2018 година, поранешниот голман на Работнички беше дел од Лахти, но си замина откако му заврши договорот.
Шишковски е дете на Работнички, кој во 2015 година направи трансфер во белгиски Гент, но за шест месеци се врати во Дебар Маало и пред точно една година ги напушти „романтичарите“, па замина во Лахти. По 15 меча за овој клуб, Шишковски не ја продолжи соработката и сега доаѓа во Ропс. Инаку за последните четири меча на македонската репрезентација, тој постојано беше на списокот на селекторот Игор Ангеловски.
Рованиеми е административна престолнина на најсеверниот регион во Финска, Лапонија, шест километри јужно од северниот пол. Интересно Рованиеми важи за територијално најголемиот град во европската унија со 8.016 квадратни километри, но со само 63.000 жители
Сооглед дека е на крајниот север, просечните температури во Рованиеми во зимските месеци се помеѓу -12 до 15 степени, а просечната најниска температура во најтоплиот месец јули е само 11 степени. Инаку рекордно најниски температури измерени во седиштето на Лапонија се -38 во јануари, -35 во февруари и -32 во декември, иако во минатото надминувале и над 40 степени целзиусови под нулата.