Лудориите продолжуваат: Бомба на „Бомбоњера“ пред тренингот на Бока!

Аргентинските медиуми пишуваат дека денеска имало нов инцидент на стадионот на Бока јуниорс, „Ла Бомбоњера“ на која била пријавена бомба.

Неколку часа пред тренингот на фудбалерите на Бока и нивниот пат кон Мадрид била пријвена бомба, по што полицијата морала да ги евакуира вработените.

Специјалните служби го истражуваат стадионот за да откријат каде се наоѓа експлозивната направа, откако ја добиле заканата преку телефон.

Со ова продолжуваат лудориите на Аргентинците пред реваншот од финалето во Копа Либертадорес, кое се игра во Мадрид на „Сантијаго бернабеу“ помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс.