Лоша вест за Флик: Се повреди Олмо

Eкипата на Барселона се соочува со нов проблем кога во прашање е шпанскиот репрезентативец, Дани Олмо.

По ремито на каталонскиот гигант против Гетафе 1-1, Барселона потврди дека Олмо се здобил со повреда поради која ќе мора да паузира одреден период.

Олмо така сигурно ќе го пропушти натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите, но е неизвесен и за натпреварот за „граѓаните“ кој ќе следи во Ла Лига.

Ќе потсетиме, Барселона до неодамна водеше битка и бараше начин да го регистрира Олмо за вториот дел од сезоната, а тоа го направи пред финалето на Суперкупот во Шпанија во кое Олмо запиша настап.