Лорис ја има една од најчудните одбрани на пенал во – историјата (ВИДЕО)

Францускиот голман, Уго Лорис, ја имаше една од најчудните одбрани на пенал во кариерата, во победата на неговиот Лос Анџелес ФК на гостувањето кај Реал Солт Лејк (4-1).

При водство од 2-0 за ЛАФК, напаѓачот на домашниот тим Рвану Круз изведе пенал и шутираше силно во својата десна страна. Лорис беше измамен и тргна во спротивна насока, но топката ја погоди стативата, се движеше паралелно со гол-линијата и заврши право кај голманот, кој успеа да ја задржи пред да влезе во мрежата. Публиката веќе славеше погодок, но на крајот тоа беше неверојатна одбрана на 38-годишната француска легенда. ЛАФК ја искористи таа пресвртна точка и стигна до убедлив триумф, благодарение на хет-трикот на Хјунг-Мин Сон.

Лорис, кој има 145 настапи за француската репрезентација и е рекордер по број на одиграни натпревари, со „триколорите“ освои светска титула во 2018 година и сребро четири години подоцна.