Леао се пожали за ситуацијата во Милан и откри каде сака да игра
Желба на португалскиот напаѓач е Премиер лигата во прв план или Ла Лига, ако не добие можност од некој англиски клуб.
„Сакам нов предизвик надвор од Серија А. Долго време ја следам Премиер лигата и многу ми се допаѓа би сакал да добијам можност да играм таму или во Ла Лига, верувам дека мојот талент повеќе би дошол до израз отколку во Италија“, истакна Леао.
Не криеше и дека сезонава играл на позиција на која не се чувствува најдобро.
„Според начинот на кој тимот работеше оваа сезона и како игравме, не мислам дека бев ставен во услови да играм на позиција која ми дозволува да направам разлика оваа сезона. Играв 4-5 месеци со повреда, а покрај тоа играв и надвор од мојата природна позиција, што направи да стигнам до крајот на мај целосно исцрпен“, додаде напаѓачот.
Во медиумите се појавија информации дека Галатасарај може да тргне по потписот на Леао, меѓутоа очигледно Турција не е во плановите на Португалецот.
Фото: AC Milan