Лаутаро го прескокна Марадона на вечната листа стрелци во Аргентина

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез беше херој за Аргентина во триумфот над Перу од 1:0 во квалификациите за Светското првенство.

Лаутаро со ефектен гол донесе победа за „Гаучосите“, но исто така и се израмни со легендарниот Диего Марадона на вечната листа стрелци.

Голот кој го постигна капитенот на Интер беше негов 32 во националниот дрес и до оваа борјка стигна за 72 натпревари. Со 32 постигнати погодоци, Лаутаро го прескокна Марадона на листата и сега е петти најдобар стрелец на Аргентина на сите времиња.

Лидер во оваа конкуренција е Лионел Меси со 112 погодоци, Батистута има 55, па следат Агуеро со 41 и Креспо со 35. Со оглед дека Лаутаро има 27 години сигурно во наредните натпревари и ќе напредува на листата.