Крамариќ: Хрватска покажа кој кого ќе е*е!

Хрватска со 4-1 ја победи Канада и направи крупен чекор кон осминафиналето, овој триумф за „коцкестите“ е дополнително сладок по изјавите на Канаѓаните пред натпреварот.

Канада одигра одличен меч со Белгија иако загуби со 1-0. Во еуфорија од добрата игра на неговиот тим, канадскиот селектор рече дека ќе ја е*ат Хрватска. Но наместо тоа загубија со убедливи 4-1.
 
Ѕвездата на овој меч за Хрватите беше Андреј Крамариќ кој постигна два гола, по мечот тој им се заблагодари на Канаѓаните за дополнителната мотивација.
„Сакам да им се заблагодарам на Канаѓаните за мотивацијата. Хрватска покажа кој кого ќе е*е“, изјави Крамариќ по мечот.
По победата над Канада, на Хрватска ѝ е доволен и бод против Белгија за пласман во осминафиналето.