
Крај на агонијата за Бразилецот: Пакета не добивал намерно жолти картони!
Пакета во мај 2024 година беше обвинет од Фудбалскиот сојуз за наводни четири кршења на правилата на Фудбалскиот сојуз во врска со натпреварите на Вест хем.
Фудбалерот од средниот ред беше обвинет дека намерно добивал жолти картони за негови блиски пријатели да профитираат во облоќувалниците. На судењето кое заврши во негова корист тој ги демантираше сите обвинувања.
Во своја одбрана Пакета истакна дека причина за облозите е неговата агресивна игра, додавајќи и дека играта на жолти картони е популарна помеѓу обложувачите. Ќе потсетиме, минатото лето Пакета беше блиску до Манчестер сити, но на крајот неговиот трансфер пропадна.