Консеисао непријатно го изненадил Ибрахимовиќ, Португалецот е „под лупа“

Португалецот Сержо Конеисао во Милан е нешто повеќе од месец и успеа да го освои италијанскиот Суперкуп, но наводно е под „лупа“ на раководството и Ибрахимовиќ поради послабите резултати во последниот период.

Милан на шест натпревари во Серија А со Консеисао освои само 11 бодови и сериозно си го загрози четвртото место и пласманот во Лигата на шампионите следната сезона.

Медиумите пренесуваат дека и потезите кои ги повлекол во првиот плеј-оф натпревар против Феенорд баш и не му се допаднале на Ибрахимовиќ. Иако има функција на советник, Ибрахимовиќ е продолжена рака на првиот човек Гери Кардинале и има големо влијание во клубот.

Ибрахимовиќ бил непријатно изнанден кога Консеисао против Феенорд од игра ги извадил двајцата најдобри напаѓачи, Рафаел Леао и Сантијаго Хименез кој пристигна токму од холандскиот гигант во зимскиот преоден рок за 32 милиони евра.

Договорот на Консеисао со Милан има важност до јуни 2026 година, но веројатно нема да остане во клубот ако не избори пласман во Лигата на шампионите.