Колумбиски кошмар: Аргентина на Меси шокирана на стартот од Копа Америка! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Аргентина, предводена од, според многумина, најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси, имаше кошмарен старт на Копа Америка, откако во воведниот меч, неочекувано загубија во пресметката со Колумбија (0-2).

Творци на триумфот на Колумбијците на дуелот во бразилскиот град Фонте Нова беа Роџер Мартинез, со првиот погодок во 71 минута и Дувал Запата во 86. минута за потврда на киксот на фаворитот. За Колумбија ова беше прв триумф над големиот ривал по пауза од 12 години, а за Аргентинците прв пораз на отворањето на Коша Америка по далечната 1979 година. Следниот дуел за Меси и компанија е против Парагвај на 20 јуни.

Во вториот меч ноќеска, Перу и Венецуела ги поделија бодовите со најнепопуларниот резултат 0-0.