Клупата на Манчестер Јунајтед повеќе не е привлечна како некогаш

Манчестер Јунајтед се уште не го отпуштил Ерик Тен Хаг, но изгледа не е баш единствената причина што се уште е тренер е што има „девет животи“.

Имено, англиските медиуми пренесуваат дека уште еден тренер во низата одбил да го преземе Јунајтед во текот на летото. Во прашање бил Себастијан Хенес. На Германецот му одеше одлично во Штутгарт и се поврзуваше со бројни клубови, а единствениот конкретен потег го направил Манчестер Јунајтед.

Сепак, тој одговорил дека се уште не е спремен за таков чекор и дека работата во Штутгарт ќе ја смета за недовршена ако замине.

Јунајтед како што е познато го одби и Томас Тухел, се шпекулираше и за Зинедин Зидан, но и Французинот наводно неколку пати им кажал „не“ на „црвените ѓаволи“.

Во овој момент Тухел повторно се споменува како опција за Манчестер Јунајтед, а тука се уште Герет Саутгејт и Един Терзиќ.

Ваквата ситуација и одбивањето од неколку тренери е само уште еден доказ дека Манчестер Јунајтед денес е далеку од нивото на кое некогаш беше.