Реал Мадрид му „врти“ грб на Модриќ – веќе му најде замена од 150 милиони евра!
Хрватскиот маестро, кој со години е клучен играч во средниот ред на „кралскиот клуб“, веројатно ја игра последната сезона во Мадрид, а доказ за тоа е фактот што „кралевите“ веќе активно работат на пронаоѓање на негова замена. Според весникот „АС“, Флоријан Вирц е врвен приоритет за претседателот Флорентино Перез.
Младиот германски фудбалер за врска од Баер Леверкузен е виден како наследник на Модриќ, поради неговите слични технички и тактички карактеристики. Вирц е под будното око на Реал веќе долго време, уште од дебито во Бундеслигата на 17 години, а неговото име сега е запишано со црвени букви во тетратката на Перез.
Сепак, доведувањето на Вирц во Мадрид нема да биде лесна задача. Баер Леверкузен има важечки договор со него до 2027 година, а генералниот директор на клубот Фернандо Kарo јасно стави до знаење дека отштетата е 150 милиони евра.