Кејн: Ако го освоиме Мундијалот, тогаш ќе бидам фаворит за „Златна топка“
Кејн имаше спектакуларна сезона во која постигна дури 61 гол во дресот на Баерн Минхен, но смета дека за да стигне до престижната награда треба да го освои и Мундијалот.
„Секако дека би бил еден од фаворитите. Со оглед на тоа кои трофеи ги освоив оваа сезона и бројот на постигнати голови. Доколку Англија го освои Светското првенство, тогаш може да ја очекуваме наградата“, кажа Кејн.
Фото: Facebook/FC Bayern München