Кавани кажа зошто му го побарал дресот на Салах

Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани кажа дека на своите деца им го подарил дресот на ѕвездата на Египет, Мохамед Салах.

Кавани по завршувањто на средбата помеѓу Уругвај и Египет (1-0), одлучи да му го побара дресот на Салах.

„Го земав дресот на Салах и им го подарив на моите деца, бидејќи тие го сакаат и го гледаат како голема ѕвезда“, призна Кавани.

Салах не играше против Уругвај поради повреда на рамото, но најавено е дека ќе биде стартер против Русија во второто коло на група А.