Катар забрани секс за време на Мундијалот

Пет месеци до почетокот на Светското фудбалско првенство во Катар, прво во една исламска држава и во најнеобичен зимски термин, навивачите ги шокира последната вест – домаќинот забрани секс за време на едномесечниот турнир.

Иако за време на Светските првенства на турнирите доаѓаат еден куп навивачки, слободни кои бараат забава пред сѐ, Катар објавил дека секој што ќе дојде за време на шампионатот е добредојден, но ќе мора да се придржува до законите на оваа арапска земја.

Тоа значи дека нема секс за една ноќ, а сексуални односи може да имаат само брачни другари и никој повеќе. Ако не, следува затвор од – седум години!

„Сексот е забранет освен за брачни другари. Во Катар нема да има секс за една ноќ, ниту пак целовечерни забави. Сите се добредојдени, ако се придржуваат до правилата и законите, во спротивно ќе има – затворски казни“, објавиле организаторите.

Забрането е поседување на дрога, како и пијанчење на јавни места, освен на строгопределени зони каде ќе биде дозволено навивачите да се опуштат, ама не премногу.