Капитенот на Ерменија откажа трансфер за да оди во - војна!

Вараздат Харојан, 28-годишниот стопер остана без трансфер во кипарски АЕЛ затоа што бил мобилизиран во војската на Ерменија, која војува со Азербејџан.

Неговиот менаџер испрати порака кој објасни дека поради конфликтот меѓу двете држави, фудбалерот нема да потпише договор и е повикан да служи во војска.

Искусниот стопер е капитен на Ерменија и одигра 52 меча, односно постигна два гола, додека го носеше и дресот за младинската репрезентација.

Ова најверојатно значи и дека фудбалерот нема да настапи против Македонија, ако ситуацијата не се смири до ноември кога е закажан мечот меѓу двете селекции во рамки на Лигата на нации.

Претходно Црвена Звезда дозна дека нема да гостува во квалификациите за Лига Европа во Ерменија, туку в четврток ќе се пресметаат во Кипар, зашто УЕФА реши дека нема услови за одржување спортски настани во државата.