Јужнокорејците наместо на ЛОИ во Токио – две години во војска!?

Откако веќе е договорено одложувањето на Летните Олимписки игри во Токио по разговорот на ИОК со јапонските власти, што е и сосема очекувана одлука во екот на пандемијата со коронавирусот, на ваквото сценарио најмногу се натажија – фудбалерите на Јужна Кореја.

Тие зашто нема да имаат можност да се натпреваруваат летово, а ниту да се борат за „златното одличје“, кое може да им донесе доживотно избегнување на отслужување на воениот рок, сега ќе мора да одат во војска.

Станува збор за фудбалери до 23 години, кои во Токио според правилата требаше да бидат засилени со тројца постари, но коронавирусот ги одложи сите спортски настани, па и ЛОИ и сега младите фудбалери немаат друго решение освен да заминат на отслужување на воениот рок.

Војската е задолжителна за секој Јужнокореец, а проблемот што овие фудбалери ќе мора да одат во војска, е што на најголемиот дел ќе ја надминат возраста од 23 години, што е крајна граница за фудбалерите да играат на ЛОИ, што би значело, наместо на Игрите, па и шанса да се изборат за доживотно одложување, сега поради новонастанатата ситуација ќе мора да ѝ служат на земјата во следните две години.