
Јубилеј: Хаџиевски по десетти пат на Блискиот Исток – третпат во саудиски Наџран!
Хаџиевоски во за него доста познатиот клуб во Саудиска Арабија доаѓа првпат по скоро деценија, откако последен пат му беше тренер во сезоната 2013/14, а претходно во сезоната 2011/12, од кога почна неговата авантура кај шеиците.
Во С. Арабија освен три мандати во Наџран сосе најновиот предизвик, беше тренер и на Ал Тавон (2012/13), Ал Кадсија (2014) и Хаџер (2021/22), а уште двапати работеше во Хата (2016/17, 2022), Ал Дарфа (2018) и Емирејтс (2019-21), сите клубови од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Во овој повеќе од децениски периот како Хаџиевски печали на Блискиот исток, работеше двапати во кратки периоди и во два македонски брендови, Пелистер во сезоната 2014/15 и Беласица во 2019 година, а во 2014 година во еден неколкумесечен период беше и спортски директор на Вардар.
Инаку Хаџиевски е поранешен тренер на Пелистер, Вардар, Силекс, селектор на Македонија од 1996 до 1999 година, како и на новосадска Војводина, јапонски Џубило Ивата, софиска ЦСКА и Вихрен од Сандански во Бугарија, грчките Касторија и Докса Драма, кипарски Атромитос, како и азербејџанските Баку и Симурк, а беше и селектор на Азербејџан во 2007 година.
Со него во Наџран заминува стандардната тројка на помошници, Филип Деспотовски и Филип Спасески, како и тренерот на голманите, Филип Маџовски, со кои соработува во последен период каде и да замине во арапскиот свет.