Јапонија преку квалификациите стана прв патник на СП 2026

Фудбалерите на Јапонија станаа првата селекција која обезбедила пласман на Светското првенство (СП) во 2026 година преку квалификациите, откако веќе беше познато дека учествуваат домаќините САД, Мексико и Канада.

Јапонија на три кола пред азиските квалификации во групата Ц обезбеди пласман на Мундијалот, откако триумфира со 2-0 против Бахреин.

Дури шест победи и едно реми во завршните квалификации оствари Јапонија, па така со 19 бодови е лидер и има дури девет поени пред Австралија, а дури 13 повеќе од Саудиска Арабија, Бахреин, Индонезија и Кина.