Јаневски го запиша вториот пораз во африканската ЛШ

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Чедомир Јаневски го запиша вториот пораз во африканската Лига на шампиони (ЛШ) со Исмаили, откако подобар од нив беше Африкен со 2-1.

Исмаили имаше водство од осмата минута на мечот преку Бенсон Шилого, но во финишот на првиот дел Африкан направи целосен пресврт со головите на Гази Ајади од пенал за 2-1.

Во второто полувреме Исмаили се обиде да стигне до израмнување, но гостинската екипа успеа да ја зачува својата мрежа.

Ова беше втор пораз за екипата на Јаневски во африканската ЛШ, откако претходно загуби од Мазембе со 0-2, а во следното коло ќе игра против Константин на 19 јануари.