Ја пратил сопругата да се породи во друга земја за да го крсти синот по - омилениот клуб!?

Во некои земји, на децата им е забрането да се даваат необични имиња, а во оваа група спаѓа и Холандија.

Поради законот, еден од поддржувачите на Феенорд ја испрати својата сопруга на породување во Белгија, за да може да го именува синот по некој сакан клуб. Оваа приказна ја раскажал самиот татко, кој својот син го крстил Брајан Феенорд, поради клубот за кој навива.

Холандија забранува вакви имиња. Затоа жена ми мораше да оди да се породи во Белгија, каде можам да го крстам Феенорд, објасни очигледно страствениот обожавател на холандскиот гигант.

Пред десет години, тој сакал на вториот син да му го даде името по Леонардо Сантијаго, поранешниот напаѓач на повеќекратниот шампион во Европа, но на крајот се откажал од идејата.

Кога син ми се роди, Леонардо Сантијаго играше за Феенорд и многу луѓе што ги познавав го именуваа својот син по него. Што се случи? Играчот си замина, но неговите синови останаа со тоа име, па си реков: „Тоа мене нема да ми се случи“, додаде навивачот.