Италијанската легенда се налути: Зошто таков однос имаше само кон нас? (ВИДЕО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Узбекистан, Фабио Канаваро изрази незадоволство поради односот кон него и неговите репрезентативци при пристигнувањето во САД.  

Узбекистанската делегација пристигна вчера, а поранешниот италијански репрезентативец Канаваро истакна дека при пристигнувањето му било кажано дека такви правила важат за сите, меѓутоа подоцна и самиот забележал дека не е така. 

„Ми кажаа дека тоа се правилата. Но на крајот, ваквата проверка беше само за нас“, изјави Канаваро, пренесе Скај.

Исто така стрелецот на единствениот гол за Узбекистан во поразот од Холандија со 1-2, Игор Сергеев, изјави дека за првпат се соочил со ваков тип на мерки.

Узбекистан е дебитант на најголемото натпреварување, а ќе игра во групата И заедно со Колумбија, Конго и Португалија.