Историја: Шест дами ќе ја делат правдата на Мундијалот во Катар

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска го објави списокот на судии кои ќе ја делат правдата на Светското првенство (СП) во Катар, па така за првпат во историјата на Мундијалте правдата ќе ја делат и дамите.

Три жени ќе бидат главни судијки, а тоа се Стефани Фрапар, Јошими Јамашита и Салима Мукансанга, додека уште три дами ќе бидат меѓу помошниците.

Од најпознатите светски судии во Катар ќе бидат Мајкл Оливер и Ентони Тејлор од Англија, Славко Винчиќ од Словенија, Дани Макели од Холандија, Даниеле Орсато од Италија и други.