Инвазија на Мароканци во Доха – ќе има 45.000 на стадионот против Франција
Според последните најави се очекува околу 45.000 Мароканци да бидат на трибините на стадионот, повеќе од десетпати повеќе од Французите чија бројка нема да надмине повеќе од 4.000 навивачи за пресметката за финале на 22-от Мундијал.
Мароканците и Аргентинците се најбројни меѓу навивачите во Катар, па со своето навивање ќе се обидат да бидат 12-ти играч во битката за финале.
Во Мароко, пак, се очекува сите да излезат на улица и да го гледаат мечот во очекување на нова историја и финале. Мароко е првата африканска земја која игра полуфинале на едно Светско првенство, зашто досега најдобар пласман трипати беше четвртфиналето.