Шведската фабрика за мебел „ИКЕА“ стана позната за време на Мундијалот во Русија по кладбата помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Дејвид Бекам. Швеѓанецот загуби, англиските навивачи потоа славеа среде една продавница на Островот, но затоа пак на Фејсбук, ИКЕА Хрватска објави тежок сеир на сметка на Англичаните.