Ибрахимовиќ: Ќе играм на СП, но ако кажам нешто повеќе, ќе ме обесат

Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, го искористи своето гостување во емисијата кај Џими Кимел за да каже дека најверојатно ќе го видиме на Светското првенство (СП) во Русија.

Учеството на Ибрахимовиќ на Мундијалот е често предмет на дебата, без разлика на тоа дека претходно Швеѓанецот објави дека се повлекува од репрезентацијата.

„Да, ќе заминам на Светското првенство. Ако кажам повеќе, луѓето ќе ме обесат, па морам да внимавам што зборувам. Мундијалот без мене не е Мундијал“, се пошегува Ибрахимовиќ.