Ферари е на потег: Главниот директор за дизајн замина од Ред Бул!

Најдобриот дизајнер во светот на Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул откако се договори со екипата, а оваа вест најмногу ги израдува во таборот на Ферари кои подготвуваат договор за еден од главните луѓе за успехот на актуелниот шампион.

Како причина е наведена потребата на Њуи за нов предизвик во кариерата, иако се шпекулира дека не бил во добри односи со првиот човек на тимот, Кристијан Хорнер.

Ред Бул официјално потврди дека се раздели со Њуи, а ова ќе се обиде да го искористи Ферари во следниот период и да потпише договор со директорот за дизајн.

„Њуи имаше голема улога во походот кон седум титули за возачи и шест во конкуренција на конструктори со вкупно 118 победи и 101 пол-позиција“, соопшти екипата.