Ливерпул со новите дресови ќе го одбележи освојувањето на КЕШ пред 40 години (ВИДЕО)

На неполн месец пред крајот на клупската сезона, Ливерпул ги претстави дресовите за идната натпреварувачка кампања.

Преку официјално видео, „црвените“ објавија како ќе изгледа униформата на фудбалерите и посочи дека дресовите ќе бидат копија на оние од сезоната 1983/84 кога екипата ја освои четвртата титула во тогашниот Куп на европските шампион. Токму тој момент и ќе биде одбележан со изборот на изгледот на новиот дрес.

Тогаш Ливерпул триумфираше во финалето од КЕШ кое се играше на Олимпико, токму против Рома, на пенали со 4-2 откако по 120 минути игра беше 1-1.