Луис Енрике откри каква беше ситуацијата во соблекувалната на ПСЖ по поразот во Дортмунд

Слично како во четвртфиналето, ПСЖ го загуби првиот меч од полуфиналната фаза од Лигата на шампионите и во реваншот ќе бара пласман понатаму.

Разликата е во тоа што сега ќе игра на домашен терен против Борусија Дортмунд и ќе брка еден гол негатива откако синоќа загуби во Германија. Луис Енрике ја пренесе атмосферата во соблекувалната по мечот во кој ПСЖ имаше неколку шанси за поповолен резултат.

„Сите знаевме дека ќе биде тешко, ова е полуфинале од Лигата на шампионите. Нашата соблекувална е малку тажна бидејќи два пати ги погодувавме рамките од голот, но ги имавме навивачите и голема поддршка. Двете екипи направија многу шанси, но тие дадоа гол, а ние не“, изјави Енрике.

Реваншот од овој двомеч е на програмата во вторник во Париз, веројатно пред преполни трибини.