Хорор пред СП 2026: Силен земјотрес го стресе тренинг-кампот на Англија во САД (ВИДЕО)

Привремената база на фудбалската репрезентација на Англија беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени, што предизвика паника и евакуации во делови од Орландо, каде што се подготвува за претстојното Светско првенство.

Засега нема пријавени повредени ниту материјална штета, но снимки на социјалните мрежи покажуваат како се тресат згради и се поместува мебел во моментите на потресот. Епицентарот бил крај брегот на Куба, но ударните бранови се почувствувале стотици километри подалеку на Флорида, што ја наруши и подготовката на селекцијата на Томас Тухел. Американскиот геолошки завод соопшти дека станува збор за еден од најсилните регистрирани земјотреси во регионот, каков што немало од 1880 година, додека потресите биле почувствувани дури и во туристички центри во Мексико, вклучувајќи ги Канкун, Плаја дел Кармен и Тулум.

Во Орландо, дел од објектите биле евакуирани, а потресот се почувствувал и во „Дизни Ворлд“, што дополнително ја зголеми паниката кај локалното население.

„Ја почувствував земјата како да се отвора под нас“, изјавиле дел од жителите на Флорида на социјалните мрежи, опишувајќи ги моментите на страв и изненадување.

Англиската репрезентација веќе неколку дена престојува на Флорида како дел од подготовките за Мундијалот, а в среда ја очекува пријателскиот натпревар против Костарика. „Гордиот Албион“ по тој дуел, селекцијата се сели во Канзас Сити, каде ќе биде сместена за време на Мундијалот. Овој земјотрес е само уште еден во низата неочекувани настани за Англичаните во САД, откако претходно беше пријавен инцидент со пукање во близина на нивниот тренинг камп во Канзас, а за време на престојот во Орландо се најавуваат и силни временски непогоди со грмотевици.