Херој на една од селекциите бил седум часа испрашуван од Американците!

Соединетите Американски Држави (САД) не отстапуваат од своите строги мерки за влез во нивната земја и покрај тоа што настан каков што е Светското фудбалско првенство само по себе треба да биде гаранција за учесниците на истото.

Последен кој го почувствува строгиот режим на Американците е напаѓачот на Ирак, Ајмен Хусеин.

Тој бил задржан дури седум часа на испрашување при влезот во САД. Иако е дел од национален тим кој ќе учествува на Светското првенство, американските власти немаа милост и му приредија неочекуван третман на 30-годишниот фудбалер.

Сите тие седум часа ги помина во притвор на испрашување на аеордормот во Чикаго. Не му помогнало ниту тоа што имал виза и што пристигнал да игра фудбал на Светското првенство.

Хусеин бил единствениот фудбалер од Ирак кој бил задржан. Му бил одземен телефонот, детално бил прегледан и по седумчасовната тортура сепак влегол во државата.

Во Ирак се бесни поради односот кон нивниот херој. Хусеин даде гол со кој Ирак по 40 години се пласира на Светско првенство.