Гвардиола: Сите бевме загрижени за Халанд

Фудбалерите на Манчестер сити по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите одиграа одличен натпревар во Премиер лигата и славеа победа над Њукасл.

Сепак, Пеп Гвардиола во еден момент од средбата беше посебно загрижен поради повредата на Халанд. Норвежанецот побара замена откако се повреди без дуел со противнички фудбалери и по реакцијата можеше да се збалежи дека шпанскиот стратег е загрижен.

Сепак, по средбата соопшти добри вести за навивачите.

„Кога падна на земја, сите бевме загрижени, но теренот го напушти со насмевка и докторот по натпреварот не ми кажа лоши вести. Се надевам дека е добро“, изјави Гвардиола.

Дека не станува збор за нешто сериозно како што изгледаше во прв момент покажува и фотографијата која ја објави Халанд по натпреварот со парче месо во раката.

„Мала гозба по натпреварот“, додаде норвешкиот напаѓач.