Гвардиола се потсети на минатото: Сега сфаќам што сме направиле

Фудбалерите на Манчестер поминуваат низ најголемата криза откако Пеп Гвардиола е на кормилото и во последните 13 натпревари го победија само Нотингем Форест со 3-0.

„Граѓаните“ во овој момент се наоѓаат на седмата позиција со 28 бода, 14 помалку од лидерот Ливерпул. Утре избраниците на Гвардиола ги очекува натпреварот против Лестер.

„Понекогаш очекувате да ви биде лесно и брзо да најдете излез од ситуацијата, но некогаш потребно е време и во таква ситуација не смеете да се откажете. Сакам да сум тука и да ја променам ситуацијата. Одиме на Лестер и тоа сигурно ќе биде тежок натпревар, ќе се обидеме да одиграме добар натпревар“, најави Гвардиола.

Поради сегашната ситуација шпанскиот стратег повеќе го цени успехот кој го постигна во изминатите години.

„Најголемите предизвици веќе ги остварив, ќе се вратиме порано или подоцна, но вистина е дека поради сегашната ситуација се потсетувам на успехот во минатото и се што направивме, дури сега сфаќам што сме направиле. Можеби очекувавме малку да паднеме, но на вакво нешто не помислувавме. Главната причина е што повредени ни се седум или осум важни фудбалери. Играњето на секои три дена станува се потешко“, изјави Шпанецот.

Натпреварот помеѓу Манчестер сити и Лестер се игра утре во терминот од 15:30 часот.