Голман ја преживеа страшната несреќа во Џенова: Летав 30 метри и минав без – гребнатинка!
Трагедијата во Џенова се случи утрово, а Капело со својот автомобил во тој момент го поминувал мостот, кога почнало рушењето, па летал 30-на метри со автомобилот. И по некое чудо минал без гребнатинка.
„Одев за Џенова и бев на мостот, кога одеднаш слушнав силна бучава и потоа се почна да се распаѓа. Ова е чудо. Јас со колата заглавив во рушевините. Не можам да поверувам што се случу“, рекол Капело за италијанските медиуми.
По катастрофата спасувачките служби го извлекле, а превентивно го однеле во болница, од каде му се јавил на неговиот татко за да му каже дека се е во ред со него.
“Татко, се сруши мостот додека го минував и потоа паднав со автомобилот, но не се секирај – добро сум“, му рекол Капело на својот татко Франко, кој е тренер во клубот „Пури е Форти“, каде Давиде ги имал почетоците на фудбалската кариера.