Голман ја избричи главата за да истетовира - лав! (ФОТО+ВИДЕО)

Голманот Себастијан Соса синоќа дебитираше на голот на аргентинскиот клуб Индепендиенте, но неговите одбрани паднаа во сенка поради неговиот нов имиџ.

 Уругваецот ја избричи косата пред извесно време, но иако сите мислеа дека се работи само за нов избор на фризура, голманот ги изненади сите кога дојде со огромна тетоважа на главата.

Тој си го истетовирал хороскопскиот знак - лав. Ако тетоважата ви изгледа позната, истиот лав го има тетовирано и Златан Ибрахимовиќ, но на неговиот грб.