Гави бара од ФИФА да го „помилува“ Паредес (ВИДЕО)

Фудбалерот на Барселона и шпански репрезентативец Гави кажа дека аргентинскиот играч Леандро Паредес не треба да биде суспендиран поради инцидентот по финалето на Светското првенство (СП).

Паредес, по поразот од Шпанија, го нападна Ерик Гарсија, а потоа и Гави поради што ФИФА реши да почне дисциплинска постапка и му се закануваше суспензија на Аргентинецот.

„Не мислам дека Паредес треба да биде суспендиран. Разбирам дека тоа не е добра сцена за децата, но фудбалот има и агресивна страна. Најлогично би било да е исклучен за време на натпреварот. Но, на крајот тоа е дел од фудбалот“, кажа Гави.