Готово е: Челси комплетира уште еден голем трансфер! (ФОТО)
Младиот аргентински фудбалер пристигнува од Стразбур, а трансферот беше најавен уште пред неколку месеци. Сега сите формалности се завршени и Барко наскоро ќе биде промовиран како ново засилување.
Светскиот клупски шампион не планира тука да застане, туку веќе работи на следниот трансфер, а тоа е Максенс Лакроа од Кристал Палас.
Лакроа веќе даде „зелено светло“ за преселба во Челси, а во тек се преговорите меѓу двете екипи.
Фото: Chelsea Football Club