Галатасарај доби скандалозен пенал: Гостите го напуштија теренот (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Галатасарај и Адана Демирсспор во Турција беше прекинат откако гостите се повлекоа од теренот поради незадовлство од арбитражата.

Големо незадоволство кај гостите донесе скандалозниот пенал по театралниот пад на Дрис Мертенс во шеснаесетникот иако немаше контакт со противникот.

Следуваа жестоки протести, но сепак одлуката не беше прекината. Натпреварот продолжи, меѓутоа кон средината на првиот дел гостинските фудбалери го напуштија теренот. Засега не е познато каков епилог ќе има овој дуел.

Инаку, незадоволство од судењето во Турција во последниот период често јавно истакнуваше тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо.