„Франс Фудбал“ им објасни на Германците зошто Мусиала не е меѓу кандидатите за „Златната топка“

Во Германија беа изненадени откако Џамал Мусиала не се најде помеѓу 30. кандидати за „Златната топка“, а на оваа тема зборуваше и Џошуа Кимих. Сега од „Франс Фудбал“ се обидоа да објаснат зошто Германецот не е на листата.

За ситуацијата со Мусиала објаснување даде главниот уредник на францускиот магазин, Венсан Гарсија.

„Никој не го оспорува квалитетот на Џамал Мусиала. Беше на списокот во 2023 година, а беше номиниран и за Копа Трофејот кој се доделуваза најдобар мла дигра. Како и Џуд Белингем за краток период забележа голем прогрес и поради тоа очекувањата од него беа поголеми оваа година. Во таква ситуација веројатно беше оценуван поинаку.

Според мене постојат три причини затоа што не доби доволен број гласови. Прво, потфрли со статистиката во Лигата на шампиони, како споредба постигна ист број на голови со Матис Тел. За играч од негов калибар тоа е премалку. Не импресионираше ниту во важните натпревари за Реал Мадрид и за Шпанија на Европското првенство. Не дека одигра лошо, но едноставно не беше доволно добар. Не му помогна ниту тоа што Баерн ја одигра една од своите најлоши сезони во историјата“, објасни Гарсија.