Франција остана без капитенот на младата селекција, ќе игра за друга репрезентација!

Репрезентацијата на Франција вчера го објави списокот на играчи на кои селекторот Дидие Дешан смета за претстојното Светско првенство, а на него го немаше младиот Ајуб Буади.

Станува збор за 18-годишниот суперталентиран играч за врска на Лил, кој сезонава настапуваше во одлична форма и беше капитен на младата репрезентација на Франција.

Причината за неговото отсуство од списокот е одлуката во иднина да го носи дресот на Мароко, што за мароканската селекција претставува големо засилување пред настапот на Мундијалот.

Овие информации ги потврди и добро информираниот новинар Санти Ауна, кој открива дека Буади веќе го следат и неколку европски фудбалски гиганти.

Сезонава за Лил одигра 41 натпревар во кои запиша една асистенција. 

Фото: LOSC