ФИФА нареди: Лакрдијата помеѓу Бразил и Аргентина ќе мора да се – преигра!

Арбитражниот суд на Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги отфрли жалбите на Бразил и на Аргентина поврзани со прекинатиот меѓусебен меч и нареди големите јужноамерикански ривали повторно да истрчаат на теренот и да го преиграат квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2022.

Пресметката помеѓу гигантите требаше да се одигра минатиот септември, но беше прекината на смешен начин по само неколку минути по означениот старт, кога на теренот влегоа здравствените власти на Бразил, за да ги тргнат фудбалерите на Аргентина кои ги нарушиле правилата за карантин при влез во земјата.

Двете репрезентации веќе се пласирани на Мундијалот во Катар и меѓусебниот дуел нема да има никакво резултатско значење, а ФИФА реши и парично да ги казни двете федерации со по 50.000 швајцарски франци. Освен овој квалификациски дуел, Бразил и Аргентина ќе одиграат и еден пријателски меч и тоа во во јуни во Мелбурн.