ФИФА ја суспендира Индија, па ѝ го одзема Мундијалот за кадетки!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја суспендира втората најмногубројна земја на светот Индија, поради мешање на „трета страна“ во работата на фудбалската федерација, по што оваа земја ја загуби организацијата на Светското првенство за фудбалерки до 17 години, кое требаше да го органзиира во октомври.

Бирото на Советот на ФИФА едногласно донела одлука да се суспендира индискиот фудбал на сите нивоа веднаш поради мешање на „трети страни“ во работата на федерацијата и сериозно прекршување на Статутот на ФИФА.

Поради ова сега во Индија ќе се формира комитет на администратори кои ќе раководат со федерацијата за да ја вратат во нормала, а од Цирих објавија дека се во постојан контакт со министарството за млади и спорт на Индија околу нормализирање на односите во фудбалот во земјата.