
Енди Керол во Франција нема плата ниту колку неговата кирија
Славниот француски клуб Бордо беше исфрлен во четврта лига поради финаниски проблеми, но Керол прифати да помогне на тимот без разлика на финансиите кои во овој момент можеше Бордо да му ги понуди.
Минималната плата во Франција за 35 работни часа неделно изнесува 1.801 евра, Керол не зарабтиува ниту толку и добива 1.614 евра месечно и по данокот му припаѓаат нешто помалку од 1.400 евра.
„Изнајмувам мала куќа во која престојувам и мојата плата е пониска од киријата. Дефинитивно не дојдов во Бордо поради пари“, изјави Керол.
Во актуелната сезона Керол постигна осум голови, а до крајот на сезоната има уште седум натпревари и во случај да постигне десет голови ќе добие одреден бонус.