
Канаваро е пред отказ: Ристовски и Адеми ќе добијат нов тренер во Динамо
Храатските медиуми најавуваат дека раководството на Динамо донело одлука за смена на Канаваро по поразот во Пула од 3-0 по кој Динамо заостанува осум бодови зад Хајдук.
Но, Динамо веројатно ја научи лекцијата од претходно со Ненад Бјелица кој доби оштета од два милиони евра, па клазулата за оштета на Канаваро е повеќе од двојно пониска.
Ако Канаваро и офцијално биде отпуштен тој ќе го напушти клубот со оштета од 700.000 евра. Неговата плата во Динамо изнесува 100.000 евра месечно, додека неговиот помошник, кондиционен тренер и аналитичар заедно заработуваат пола милион евра.