Скандал во Португалија: Полицијата пукала по навивачите на Порто (ВИДЕО)

Големото португалско дерби помеѓу Порто и Бенфика на стадионот „Драгао“ заврши со убедлива победа на гостите од Лисабон (4-1), но натпреварот беше засенет од сериозен инцидент на трибините, кога полицијата употреби гумени куршуми против домашните навивачи.

По завршувањето на натпреварот, револтирани од дебаклот на својот тим, фановите на Порто започнаа судири со жандармеријата. Полицијата веднаш реагираше со сила, користејќи гумени куршуми за да ја растера разјарената толпа. И покрај тензијата, за среќа, не се пријавени потешки повреди.

Инцидентот го стави во сенка дури и блескавото издание на Бенфика, која со оваа победа се искачи на врвот на табелата со 68 бодови. Лисабонскиот гигант доби дополнителен поттик од Брага, која ремизираше 1-1 на гостувањето кај Спортинг, оставајќи го најголемиот ривал на Бенфика на второто место со два бода помалку.