
Легендите на Бугарија и Македонија ќе играат во Варна - сите средства ќе се донираат!
Фудбалската федерација на Македонија го потврди натпреварот кој е во организација на фондацијата „Национали 94“ која ја сочинува славната генерација на Бугарија од Светското првенство во 1994 година која остави длабока трага во светскиот фудбал.
За Бугарија во натпреварот ќе настапат легенди како. Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, Валери Божинов...
За Македонија познат е и комлетниот состав:
ГОЛМАНИ: Данчо Целески, Зоран Мицевски.
ОДБРАНА: Илија Најдоски, Благоја Милевски, Игор Митревски, Љупчо Марковски, Митко Стојковски, Светозар Станковски, Горан Гергиевски, Сашо.Милошвски.
СРЕДЕН РЕД: Горан Пандев, Мaрјан Стојковски, Тони Мицевски, Неџмедин Мемеди, Ванчо Трајанов, Дарко Тасевски, Драги Канатларовски.
НАПАД: Ѓорѓи Христов, Зоран Бошковски, Агим Ибраими, Артим Шаќири, Аргенд Беќири, Ванчо Мицевски.
На спортскиот натпревар ќе му претходи хуманитарна програма во која ќе настапат популарни изведувачи, која ќе започне во 15:00 часот, а натпреварот е закажан за во 17:00 часот.
Билетите може да се купат преку мрежата на Eventim по цени од 15 лева. Македонија од клупата ќе биде предводена од Ѓоко Хаџиевски, а Бугарија ќе ја води Димитар Пенев.