
Енцо Фернандез: Секое дете сонува за овој дрес и гол на СП, мене тој сон ми се оствари!
Фернандез вторпат во Катар влезе од клупата за резерви и според играта веројатно за Полска си обезбеди и првотимски статус, но неговиот гол за потврдување на победата е остварување на сонот на секое аргентинско дете кое ќе почне уште од мали нозе да се дружи со „бубамарата“.
„Секое дете го сонува овој дрес и гол на Светско првенство. И јас сонував дека ќе бидам аргентински репрезентативец, дека ќе го носам овој дрес на Светско и дека ќе дадам гол. Сега тој сон ми се оствари“, рече Фернандез.
„Пресреќен сум, зашто победивме и заслуживме! Ова е победа за цела Аргентина, за сите што нѐ поддржуваат, тие што дојдоа тука, тие што во татковината нѐ гледаат. Оваа победа е за нив. Оваа група на играчи е решенана најдобар начин да ја презентира Аргентина, сакаме уште една победа која е многу важна за нас“, додаде младиот фудбалер зза врска.