Емотивен говор за Астори: „Твојата ќерка мора да знае дека беше голем човек!“

Хрватскиот фудбалер, Милан Бадељ имаше емотивен говор, во име на составот на Фиорентина како нивни нов капитен, во кој прости од соиграчот Давиде Астори во Фиренца.

Цела Италија се збогува со Астори, а Бадељ на овој начин се збогуваше од него.

„Мил Давиде, зборувам во име на своите соиграчи и на виолетовото семејство. Твоето име на хебрејски јазик значи – сакан. Кога ќе ги видам сите овие луѓе денес овде како покажаа почит, верувам дека тоа навистина е твоето име. Не беше како другите, ти допираше секогаш до нашите срца и нѐ држеше заедно.

Твојата мајка и татко мораат да знаат дека не си направил ништо погрешно. Син си и брат, каков секој би посакал да има. Најдобар соиграч си, каков што би можел да посака некој фудбалер.

Не можеме да ја заборавиме таа насмевка, твојот начин на шегување со сите. Сакаше да се дефинираш како светски познат дизајнер и фудбалер во слободно време. Нашите мисли се со твоето семејство. Твојата мала принцеза Викторија мора да знае дека татко и бил одличен човек.

Ќе завршам со анегдота. Секое утро кога доаѓаше во собата за масажа, секогаш беше тој, кој го палеше светлото. Ти си за нас светло. Ти благодарам, Давиде.“